Мет и Грејс се две осамени души, уште од првиот момент кога се сретнаа тие станаа неразделни пријатели. Со текот на времето нивното пријателство прераснува во голема љубов. Двајцата се талентирани и имаат соништа кои сакаа да ги остварат. Но судбината не е милослива кон нив – ја става на тест нивната љубов и доверба, при што патиштата им се разделуваат. Тие си ветија дека ќе бидат во постојан контакт и во најскоро време повторно да се видат.
Никогаш не ги исполнија ветувањата.
Петнаесет години подоцна, Мет повторно ја сретнува Грејс. Двајцата се различни на многу начини, но сепак исти. Живеат како две половини од едно цело срце-сродни души. Очите им се магливи од ветерот, но повеќе од емоциите. Заедно плачат за реалноста која требаше да ја прифатат. Никој не може да го смени минатото или да го врати времето што го изгубија додека беа разделени. Требаше да научат да летаат пред да се издигнат… Овојпат судбината е помоќна и од времето, таа секогаш наоѓа начин како да спои две сродни души давајќи им втора шанса да го надоместат тоа што е пропуштено.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.