Ако во странска земја неодолив милионер сака да помине незаборавни три месеци со вас, дали би прифатиле?
Џек е неодолив мултимилионер кој го крие својот идентитет од секоја жена која ја легнува. Тој прави договор со неговите љубовни придружнички, исто како и со неговите деловни соработници: без емоции, само обостран интерес… Кога Лорлин оди во Австралија на три месеци со нејзината најдобра пријателка, последно нешто што очекува е врска. Но, таму таа го запознава убавиот Џек, кој не ѝ го открива својот идентитет. Тој ја сака оваа жена… само во неговиот кревет и однапред ги поставува своите услови:
Нема долги врски.
Нема вистински имиња.
Тоа е негова игра и негови правила.
Тој е задоволен да игра како и обично, но кога Лорлин влегува во неговиот живот, неговата стратегија се менува, бидејќи таа не е како другите. Неговиот свет се менува откако ќе започне тримесечна афера со оваа убава и мудра девојка. Тој сè повеќе ги крши сопствените правила за неа. Таа станува исклучително блиску да стане нешто, што Џек никогаш не мислел дека е можно – некој кој ќе ги промени неговите правила на игра.
Книгата е прв дел, продолжение е Убавина од задоволство, а трет дел е Убавина од љубов.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.