Во традиционална земја каде што бракот од неколку месеци е легален и може да се обновува, една млада жена добива понуда за привремен брак кој ќе трае само три месеци. Дали може да го продолжи?
Во легендарниот град Исфахан, Иран, двапати годишно чаршијата се затвора за мажи и се отвора само за дамите од харемот да шетаат без превез. Една млада жена гледа шанса…
Откако таа се враќа од чаршија, дома ја очекува чудна понуда за привремен брак кој ќе трае само три месеци… Иако таа очекува живот со сопруг кој ќе ѝ го поплочи патот со ливчиња од рози, сепак го прифаќа бракот како предизвик. Но, за кратко време се заљубува и со нејзината мудрост која е поголема од нејзините години, му угодува на својот сопруг за да го задржи. Дали ќе успее?
Хипнотизирачка приказна за млада Иранка чија судбина се менува, во градот исполнет со вкусови, мириси и убави бои. Авторката живописно ги оживува старите зачудувачки обичаи на Иран.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.