Ана е Американка која се заљубува во богато и надежно момче, Нури, со потекло од Иран.
За кратко време, Нури ѝ нуди брак на Ана и ја води во Иран. Иако на почеток таа е исплашена на што сè може да наиде, подоцна е фасцинирана од богатото семејството на Нури и убавините на Иран: егзотични мириси и зачинета храна со неодоливи вкусови во високите кругови…
Но, по соборувањето на Шахот и подемот на Исламската република сè се менува. Животот на Ана станува сè поограничен и таа е принудена да носи превез. Тогаш таа сфаќа дека ништо не е како што изгледа и дека никому не може да верува… дури ни на својот сопруг.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.