КЛУЧОТ НА САРА

460 ден 200 ден

Екранизирана сторија за животот на две семејства поврзани со една тајна.

Париз, 1942 година

Сара, десетгодишна Еврејка е брутално упасена од француската полиција, заедно со нејзината мајка и татко…

Париз, 1942 година

Сара е десетгодишна Еврејка брутално упасена од француската полиција заедно со нејзината мајка и татко.

Очајна да го заштити својот четиригодишен брат го заклучува во шкаф, надевајќи се да се врати по него во текот на денот.

Париз, 2002 година

Џулија, американска новинарка, по повод шеесетгодишнина од постоењето на „Вел ‘д’ Хив“ добива задача да напише статија за конвојот кој одведе илјадници еврејски мажи, жени и деца во логори, директно до последната станица – смртта.

Беа потребни многу солзи да се измие црнината од минатото на Франција и гравирани фаќели да ја осветлат темната патека на иднината.

Емотивно интезивен роман кој ја открива вината што ја носат долго закопаните тајни и штетата што може да ја предизвика вистината кога конечно ќе се разоткрие.

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.