КИНЕСКАТА СОПРУГА

480 ден 220 ден

Вистинска историска драма за Доналдина Камерон која спаси над 3000 кинески девојчиња и влезе во историјата на Кина.

Таа, иако не беше Кинезинка, влезе во историјата на Кина. Нејзината мисија беше кинеските девојчиња од темнината да ги одведе во светлина.

Сан Франциско, 1895 година: дваесет и шестгодишната Доналдина Камерон пристигнува во кинески кварт во дом каде што се згрижени кинески девојчиња и веднаш добива задача да ги образува. По само неколку дена, таа открива дека работата е многу посложена и од самото образование. Сан Франциско има и темна страна, моќна подземна криминална група на чело со убавата Кинезинка којашто е лидер во системот во кој некогаш и самата била жртва – подведува, продава и купува девојчиња. Таа гордо ја носи титулата ‘Кралица на подземјето’. Нејзините сојузници со лажни документи им овозможуваат влез на кинески девојчиња во земјата со многу бои, многу религии и можности, и ги оставаат без личен легитимитет. Доли неуморно се бори за правдата на беспомошните деца и жени. Таа прави стратегии да ја запре трговијата со робови и проституција. Во придружба на полиција и кинески преведувач станува ангел на одмаздата – светлина во темнината на кинескиот кварт.

Од друга страна пак, една девојка по име Меи Лиен од Кина, мечтае за поубав живот во Америка. Таа е измамена дека ќе стане сопруга на богат Кинез и е продадена во живот исполнет со срам и очај. Тогаш стравот и надежта се судираат во нејзините гради, а предавството ѝ го крши срцето. И кога мисли дека нејзината иднина е завршена – од пукнатината на нејзиното срце ѕирка зрак светлина: таа го открива домот за заштита на беспомошни девојки кој ѝ дава повторно надеж за нова шанса живот.

Вистинска историска драма за Доналдина Камерон која спаси над 3000 кинески девојчиња и влезе во историјата на Кина.

 

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.

Автори