ВТОРИОТ ЖИВОТ НА МИРИЕЛ ВЕСТ

520 ден 250 ден

Инспирирана од вистинска приказна за храброста, издржливоста и реинвенција во единствената болница за лепрозни. ‘Заразно’ четиво за вториот живот на Мириел кое живописно ја оживува институцијата во Луизијана позната како Карвил, каде што илјадници луѓе се лишени од нивните граѓански права, означени како лепрозни и насилно ставени во карантин во текот на целиот ХХ век.

Нејзиниот живот е среќен. Но сите овде имаат свои лузни, ако не на душата, на кожата.

1920 година: гламурозниот живот на Мириел, сопругата на познатиот холивудски актер, се распаѓа кога таа насилно е ставена во карантин во домот за лепрозни – Карвил.

Мириел добива нов идентитет за да го поштеди своето семејство и својот познат сопруг од срамот што е придружник на болеста. На почетокот таа се надева дека нејзиниот престој во болницата ќе биде краток. Но, како што одминува времето, таа доаѓа до сознание дека сите пациенти кои се испратени во таа установа повеќе се затвореници отколку пациенти и за нивната болест нема лек. Животот е поделен на пред и по болеста. Никогаш повеќе никој нема да биде истата личност што некогаш бил. И покрај тоа што на нивните тела им треба лекување, треба лек и за нивните души… Таа се труди да остане присебна и храбра, да ја редефинира својата самодоверба, додека се бори со непосакуваната судбина зад бодликавата жица која и покрај тоа што ги чуваше пациентите внатре, таа ги штитеше и од сето зло надвор.

Инспирирана од вистинска приказна за храброста, издржливоста и реинвенција во единствената болница за лепрозни. ‘Заразно’ четиво за вториот живот на Мириел кое живописно ја оживува институцијата во Луизијана позната како Карвил, каде што илјадници луѓе се лишени од нивните граѓански права, означени како лепрозни и насилно ставени во карантин во текот на целиот ХХ век.

 

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.