За неа годините беа само бројка, таа зеде помлад маж и тоа не кој било, туку кралот.
Никој не веруваше дека таа може да биде кралица, но таа им докажа дека сè што ќе замисли, ќе оствари.
VII век, Англија. Батилда е киднапирана и продадена како робинка на градоначалникот на Франкија. Кога саканата сопруга на градоначалникот ќе почине, тој гледа утеха во Батилда. Таа сакајќи да побегне од него завршува на улица и се бори за опстанок, сè додека не го привлече вниманието на кралот и нејзиниот живот драстично се менува… Таа станува кралица и владее со три кралства.
Батилда прави работи кои ниту една кралица не направила, со тоа таа ја добива наклонетоста на нејзиниот маж – младиот крал. Таа добива почит и од народот каква што ниту една кралица во своето владеење немала и со тоа засекогаш ја менува средновековната историја на Франција.
Вистинска приказна за животот на една робинка која успева да стане кралица и владее со империја и зошто толку малку луѓе слушнале за неа…
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.