После краткиот престој во психијатриска болница, репортерката Камил се соочува со вознемирувачка задача – да се врати во својот роден град и да напише колумна за исчезнатите девојчиња од нејзиниот крај. Иако односот со нејзината невротична-хипохондрична мајка и морничава полусестра ѝ е дисфункционален, таа сепак се сместува во викторијанската куќа на нејзиното семејство.
Колку повеќе таа открива за исчезнатите девојчиња, толку повеќе ја прогонуваат сопствените демони.
Таа го поминува целиот нејзин живот обидувајќи се да ја затапи психичката болка, заменувајќи ја со физичката, со силни дози бруфен. Нејзиното тело е мапа од врежани зборови кои водат до една болна вистина. Болката ги обединува луѓето повеќе и од среќата.
Но, некои лузни никогаш не заздравуваат…
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.