Британецот повторно се жени…
Кога Дени Блек ја зеде убавата љубовница на непријателот, тој никогаш не помисли за последиците… Роуз го турка Дени на работ на лудило со нејзиниот непробоен штит и бунтовна природа. Дени мора да се потсетува дека таа е мамка, но и решение за секој негов проблем. Но, сепак, таа предизвикува моќни чувства кај Дени.
Најопасната игра ќе се игра.
Роуз не живее, таа само постои. Занеменоста од страв и болка е единствениот начин за да преживее во овој суров свет. Така, кога озлогласениот Дени Блек ја прифаќа како колатерална штета во смртоносна игра, таа има желба да се одмазди. Со воскреснувањето на озлогласениот Британец, Енигма несвесно започнува уште поголема војна.
Двајца смртоносни мажи. Една заедничка цел.
Но, само еден од нив може да победи. Кој?
Книгата е продолжение на „Енигма“.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.