Сите жени го гледаат Кајден како плејбој, но тој страда во тишина.
Една ноќ кога мисли дека повеќе не може да издржи, се појавува Кали и му го спасува животот. Но, Кали не верува во среќа. Откако ѝ се случи немил настан, таа се повлече во себе и си вети дека никому нема да ја открие тајната што ја измачува.
Шест години подоцна, патиштата на Кајден и Кали им се соединуваат. Кајден добива желба подобро да ја запознае девојката што му го промени животот. Тивка и воздржана, Кали сè уште се плаши да дозволи некој друг во својот свет. Но, Кајден е сигурен дека таа се врати во неговиот живот со причина. И колку повеќе тој се обидува да биде дел од нејзиниот живот, толку повеќе сфаќа дека сега тој треба да ја спаси.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.