ИСКУПУВАЊЕТО НА КАЛИ И КАЈДЕН

480,00 ден 250,00 ден

И двајцата се скршени и двајцата имаат трауматично минато. Кога се одделени, нивниот живот е во хаос, но кога се заедно…, заедно се совршени. Цели. Совршени еден за друг.

И двајцата се скршени и двајцата имаат трауматично минато. Кога се одделени, нивниот живот е во хаос, но кога се заедно…, заедно се совршени. Цели. Совршени еден за друг.

Темната тајна која Кајден ја чуваше со години излезе на површина. Единствен начин да се спаси е Кали да каже нешто што тој никогаш нема да го побара од неа. Наместо тоа, тој ќе направи сè што треба за да ја заштити, дури и ако тоа значи да ја изгуби единствената девојка што некогаш ја сакал.

Кали знае дека Кајден се врати во своето темно место и очајно сака да го спаси. Но, тоа значи да се соочи со нејзиниот најголем страв и гласно да ги признае сопствените болни тајни. Помислата да ја прекине нејзината тишина ја ужаснува, но не толку колку помислата да го изгуби Кајден засекогаш. Длабоко во нејзиното срце, Кали знае дека е дојдено време таа и Кајден да заборават на болката од минатото и да почнат од почеток. Но, дали може да почнат од почеток или веќе е предоцна?

Книгата е втор дел, продолжение на „Поврзаноста на Кали и Кајден“.

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.