Тој е жесток како виски, предизвикува зависност и станува мој порок… Виски беше желен да ме изгори, а јас бев очајна да му дозволам.
Ја отворив мојата врата и се почувствував напнато кога го видов мојот Џејми кој го нареков Виски. Очите ми беа замаглени и нозете ми трепереа. Порано ми требаше барем една пијачка за да се смирам – од самото гледање во него ми зовре крвта.
Мојот Виски стоеше на прагот ист како пред една година. Освен што ова време немаше дожд, никаков бес и ниту една покана за свадба – бевме само ние двајца. Тој беше како блескаво шише виски, а јас како алкохоличар кој се преправа дека не сака виски по месеци апстиненција. Но, не можам да започнам да ви ја раскажувам мојата приказна за мене и мојот Виски одовде – мора да се вратиме назад кон почетокот кон ‘првата капка алкохол’.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.