ОВОЈ ЧОВЕК – ОПСЕСИЈА

650 ден

Ава стана поинаква од жените кои се обидоа, но не успеаја. Никој не се надеваше дека недопирливиот Џеси ќе падне на колена поради жена.

Манор – местото каде што започна нивната страсна љубов – се полни со гости на денот кој треба да биде најсреќен ден во животот на Ава и Џеси.

Таа прифати дека никогаш нема да го скроти жешкиот Џеси, а и не сака. Нивната љубов е длабока, нивната врска е моќна. Но токму кога Ава мисли дека знае сè за него, се појавуваат работи што ја наведуваат да помисли дека Џеси можеби не е човекот кој мисли дека е… иако само тој знае како да ја доведе до екстаза. Дали тој ќе ја доведе и до работ на очајот?

Трета книга од серијалот #This Man.

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.