НЕЈЗИНИТЕ ЉУБОВНИ ТАЈНИ

480 ден 250 ден

„Помести ги границите на љубов и ќе му се вовлечеш под кожа.”

Професорката Сара случајно наидува на еротски дневник што ѝ припаѓа на жена чие име е Ребека. Таа не може да одолее, а да не ѕирне внатре… таму наоѓа возбудлива приказна за аферата на Ребека со неименуван најсексипилен љубовник – врска облеана во екстаза и обвиткана во мрачни тајни.

Сара е опседната да открие која е Ребека и да ѝ го врати дневникот кој ѝ припаѓа. Таа станува жена каква што никогаш не верувала дека ќе биде и се вработува во престижната галерија каде што претходно работела неодоливата Ребека. Таму се претопува во уметност и страст, магнетно привлечена од еден неодолив маж. Дали овој маж ја завел Ребека со својот маестрален и заповеднички допир и ги претопил нејзините фантазии во извонреден живот?

Со смело еротско бегство, Сара го следи патот на Ребека за да ги исполни сопствените скриени копнежи. Но, откако ќе ги вкуси забранетите задоволства што ги уживаше Ребека, дали таа ќе биде беспомошна да избега од истата покорна страст?

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.