Ако вашите цели ви изгледаат недостижни, тогаш оваа книга е за вас. Таа ќе ви помогне да заборавите на минатото и да се фокусирате на вашите цели.
Да се биде господар на сопствениот ум е вештина којашто ја практикува секоја успешна личност. Способноста да гледате на проблемите од вистинска перспектива, да најдете начин како да се справите со проблемите и да ги постигнете животните цели, е она што ќе ве одвои како успешни луѓе од мнозинството.
Овој брилијантен водич ги образложува сите основи на успехот, врз основ на факти и стратегии, кои ќе ви помогнат да ја поттикнете вашата мотивација, да негувате добри навики и да изградите начин на размислување што ќе ве доведе до успех!
Вие ќе го обучите вашиот ум како да станете успешни и драстично ќе го преобликувате вашиот живот… Бидејќи успехот се состои од 20% вештини и 80% психологија којашто е наведена во книгата.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.