МОНАХОТ КОЈ СЕ ОТКАЖА ОД СВОИТЕ МИЛИОНИ

АвторОм Свами

450 ден 225 ден

Вистинска приказна за монахот кој се откажа од своите милиони.

Мистик кој верува дека секој човек може да добие, само ако е спремен и да изгуби.

Ом Свами е еден од најистакнатите духовни водачи во Индија. Оваа книга е негова вистинска животната приказна.

На 18-годишна возраст, Ом Свами се сели во Австралија во потрага по своите соништа и аспирации. Таму тој едвај врзува крај со крај за да преживее, но не се откажува. По само две години, работи како програмер и станува мултимилионер. Но, возбудата од материјалните благодати е краткотрајна. Тој е во потрага по самодисциплина и внатрешен мир. Се сели на Хималаите и живее осаменички живот. Со помош на вештини постигнува највисоко ниво на самосвест, кое му го менува животот од корен и доаѓа до сознание дека секој човек може да биде тоа што сака.

Неверојатен мемоар за животот и фазите на самодисциплина низ кои поминува Ом Свами, за да го пронајде она по што копнее.

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.

Категории:
Автори