Вистинска приказна за една гејша која станува толку многу популарна што ја бараат претседатели, принцови, па дури и кралици.
Минеко е толку позната гејша што каде и да оди, никој не ѝ наплаќа. Таа е толку барана што моќници за да ја видат, плаќаат астрономски суми. Може да го има кој сака, но сепак, избира да биде сама.
Кога принцот Чарлс договара средба со неа, таа не го третира како принц, туку како еден од многуте небитни мажи. Минеко не само што го одбива принцот Чарлс, туку и предизвикува гнев кај кралицата Елизабета бидејќи нејзиниот сопругот е восхитен од преубавата гејша…
Минеко има сè што ќе посака: угледен живот, многу пари и брилијантна кариера, но сепак, сака да се повлече. Зошто?
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.