НАЈМОЌНАТА ЖЕНА ВО ИМПЕРИЈАТА

АвторРуби Лал

520 ден

Само таа има моќ над најмоќниот император.

Само таа има моќ над најмоќниот император.

Во харемот на најмоќниот император Џахангир има над триста жени меѓу кои конкубини и дури деветнаесет негови сопруги. Жените во харемот веруваат дека ако имаат среќа да ги посети нивниот господар барем два пати годишно и ако една од тие посети резултира со дете, по можност машко, тие ќе добијат моќ… Сопругите и конкубините се натпреваруваат за таа привилегија, но сепак многу од нив го поминуваат својот живот без никогаш да го видат императорот во својот кревет.

За императорот се зборува дека е правичен и немилосрден, но само една успева да го освои неговото срце – таа која се издвојува од сите со својата убавина и лукавство – Мехруниса.

И покрај тоа што Мехруниса ги разбранува страстите на императорот, таа го разбранува и неговиот ум, ги презира правилата и ги погазува. Набрзо таа добива контрола над Џахангир каква што ниту една друга дама не може да ја надмине и му станува негова дваесетта и последна сопруга. Со тоа таа ја презема власта во свои раце и контролира сè зад превезот.

Епска приказна за животот во палатата и моќта зад превезот.

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.

Автори