Зошто еден крал повеќе ја сака неговата љубовница, отколку својата кралица?
Вратите се отвораат, стражарите се повлекуваат, дворјаните паѓаат како покосено класје. Жените, иако ја мразат, ги спуштаат главите и тивко се поклонуваат пред нејзините нозе. Мажите ја посакуваат, но само еден може да ја има – оној кој ѝ даде моќ – кралот Хенри Тудор.
Ана Болејн е жена која мажите ја сакаат, а жените ѝ завидуваат. Таа од љубовница на кралот, станува најмоќна кралица. Луѓето ѝ се восхитуваат, а кралот ја обожува нејзината лукавост и интелигентност, сè до оној миг кога се шират гласини во дворецот дека таа го изневерува…
Неверојатна приказна за Ана Болејн која станува симбол за англиската реформација. Таа е единствената љубовница која успева да го разведе кралот и да стане кралица. Во нејзина чест се создадени многу уметнички дела.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.