ПАРИСКАТА СОПРУГА

470 ден 200 ден

Срцепарателна животна приказна за животот на безвременскиот автор Ернест Хемингвеј и неговата прва сопруга Хејли. За љубовта, падовите и успехот, и едно ветувањето кое и ден денес живее како запис од перото на Хемингвеј : „Повеќе би сакал да сум мртов отколку да се заљубам во некоја друга, а тоа да не е Хејли“.

1920 год во Чикаго: Хејли е дваесет и осум годишна девојка која мисли дека среќата ја напуштила. Случајно го сретнува Ернест Хемингвеј – талентиран писател, горд и амбициозен. Набрзо потоа таа му станува сопруга. По венчавката се селат во Париз – градот на уметниците и развртот.

Ернест Хемингвеј војува со перо, и не се задоволува со ништо помалку од значајно место во историјата на литературата. Секој нареден чекор за него е ново искушение во градот каде што приоритет е кариерата и пороците, наспроти моралните и семејни вредности. Опкружен со убави жени и борбен дух Ернест се труди да ги надмине сите препреки кои би го повлекле надолу. Во таа битка не е сам, тука е и неговата сопруга Хедли на која ѝ посвети книга со наслов: „Сонцето исто така изгрева“. Во меѓувреме Хели потајно чувствува дека го губи Ернест, таа прави сѐ за повторно да ја разгори љубовта што некогаш гореше како силен оган, но една измама уништи сѐ за што некогаш се бореле, го гасеше и последното жарче од огнот што тлееше и црнеше нечија душа. Но дали и последното жарче значеше искра – надеж за двајца кои ја жртвуваа својата љубов за сопствените амбиции и слава?

Срцепарателна животна приказна за животот на безвременскиот автор Ернест Хемингвеј и неговата прва сопруга Хејли. За љубовта, падовите и успехот, и едно ветувањето кое и ден денес живее како запис од перото на Хемингвеј : „Повеќе би сакал да сум мртов отколку да се заљубам во некоја друга, а тоа да не е Хејли“.

 

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.