Таа знае како да ги натера и највлијателните мажи да ползат пред нејзините нозе… и станува единствената, најплатена куртизана во историјата.
Мари Дуплесис е сираче кое потекнува од рурална област близу Париз. Иако е исклучително убава и интелигентна, таа живее прогонувана во сиромаштија и беда. Уште од раното детство е приморана да научи дека љубовта на мажот е пократка и од еден зимски ден… Секој нов ден за неа е нов предизвик за преживување.
На само шеснаесетгодишна возраст, таа тргнува за Париз – во градот на соништата, за да избега од ‘ѓаволот кој немаше душа, но ги крадеше душите на другите – сиромаштијата’, во потрага по она што мисли дека го заслужува – луксуз. Таму таа станува свесна за нејзините вештини во заведувањето: најугледните мажи ја посакуваат и ѝ ги исполнуваат сите нејзини желби и каприци. Потоа, таа станува инспирација за големи дела. Во нејзина чест се пишуваат делата: „Дамата со камелии“ и познатата опера „Травијата“ на Верди, која е приказна за нејзиниот ран живот како селанка која ги надминува сите потиснувања што нејзината ера ги наметнува на жените и нејзината љубов. Нејзината слава не се раѓа благодарение само на нејзината убавина, туку од цврстата волја да го надмине детството со бескрајни мачења, напуштања и малтретирања, до очајната потреба на душата да го заборави своето минато и да го поврати своето достоинство.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.