ДЕВОЈЧЕТО ШТО ГО ОСТАВИЈА ЗАД СЕБЕ

500 ден 200 ден

Книга инспирирана од вистинска животна приказна.

1941 г. Букурешт: една ледена јануарска ноќ; мало четиригодишно девојче седеше смрзнато на надворешните скали пред станбена зграда. Неговите родители беа приморани да го напуштат.

Девојчето кое го нарекоа Наталија, го сместија во сиропиталиште, подоцна беше посвоено од богат пар без деца…

1941 година, Букурешт. Една ледена јануарска ноќ, мало четиригодишно девојче седи смрзнато на надворешни скали пред станбена зграда. Неговите родители се принудени да го напуштат.

Девојчето го нарекоа Наталија и го сместија во сиропиталиште, подоцна е посвоено од богат пар без деца. Романија е во сојуз со нацистите, еврејското население станува подложно на сѐ посилно прогонство. Гладот е поголем од достоинството – војната ги трансформира човечките суштества на незамислив начин.

Животот на Наталија е обоен во сите нијанси на сиво. Трагите од нејзиното потекло ја пробиваат површината на нејзиното секојдневие, постепено доаѓајќи до откритие што ја менува нејзината судбина. Таа се вљубува во сиромашен и амбициозен студент Виктор – пријател на нејзиниот татко.

Години подоцна, кога Наталија работи во фабрика, патиштата со Виктор, сега висок функционер, повторно им се вкрстуваат. Овојпат, тие се судбински вовлечени во страсна афера и покрај препреките и мрачните тајни на Виктор.

Кога Наталија добива шанса за подобар живот, Виктор е спремен да ѝ помогне, дури и по цена да ја изгуби.

Наталија е пред тешка одлука – дали да остане во Букурешт со нејзините сакани родители кои ја посвоија и со човекот што го љуби или да ја искористи оваа единствена можност конечно да живее по свои правила, соочувајќи се со болната загадочност на нејзиното минато. Неизвесноста што следува ја застрашува повеќе и од самите бомби.

Среќата има цена која некој треба да ја плати.

 

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.