ФРАНЦУСКАТА КУРТИЗАНА

470,00 ден 200,00 ден

Историски роман за единствената жена која била најплатена куртизана во историјата, но сепак достојна за почит! Нејзиниот лик сè уште живее во светот на книжевноста и се реинкарнира на најпрестижните оперски сцени.

 

Таа знае како да ги натера и највлијателните мажи да ползат пред нејзините нозе… и станува единствената, најплатена куртизана во историјата.

Мари Дуплесис е сираче кое потекнува од рурална област близу Париз. Иако е исклучително убава и интелигентна, таа живее прогонувана во сиромаштија и беда. Уште од раното детство е приморана да научи дека љубовта на мажот е пократка и од еден зимски ден… Секој нов ден за неа е нов предизвик за преживување.

На само шеснаесетгодишна возраст, таа тргнува за Париз – во градот на соништата, за да избега од ‘ѓаволот кој немаше душа, но ги крадеше душите на другите – сиромаштијата’, во потрага по она што мисли дека го заслужува – луксуз. Таму таа станува свесна за нејзините вештини во заведувањето: најугледните мажи ја посакуваат и ѝ ги исполнуваат сите нејзини желби и каприци. Потоа, таа станува инспирација за големи дела. Во нејзина чест се пишуваат делата: „Дамата со камелии“ и познатата опера „Травијата“ на Верди, која е приказна за нејзиниот ран живот како селанка која ги надминува сите потиснувања што нејзината ера ги наметнува на жените и нејзината љубов. Нејзината слава не се раѓа благодарение само на нејзината убавина, туку од цврстата волја да го надмине детството со бескрајни мачења, напуштања и малтретирања, до очајната потреба на душата да го заборави своето минато и да го поврати своето достоинство.

 

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.

 

 

Автори