-
МАЛАТА ПАЦИЕНТКА #1
Изабел е пациентка сместена помеѓу ѕидовите на високобезбедносниот психијатриски центар за деца „Кромонт“, каде што не постојат граници помеѓу реалноста и имагинацијата. Пред седум години пронајдено е безживотното тело на шестгодишната Мејси со изгравиран симбол на грбот. Телото е пронајдено во непосредна близина на семејната куќа на Изабел, во езерцето за патки. На тоа кобно место Изабел е затечена – покриена со крвта на Мејси и осудена за убиство, а казната ја издржува во најригорозната психијатриска установа под надзор на медицинската сестра Лиа.
-
ДЕВОЈКАТА СО ТЕТОВАЖА НА ТИГАР
Жените што ги регрутираат се високообучени како да заведат и да извлечат тајни.
Сингапур. Една убава и неидентификувана Јапонка е пронајдена мртва на брегот покрај морето. Грлото ѝ е расечено, а нема ни капка крв. Форензичар тврди дека се работи за самоубиство. Како е можно тоа?
Инспекторот Максимо Бетанкур e ангажиран да го истражува необичното самоубиство. По исчезнувањето на неговата сопруга, неговиот живот и неговата кариера се распаднаа. Колку е тој способен да истражува комплициран случај?
-
ЦИГАНСКАТА НЕВЕСТА
Убиец кој убива невести со црви, тој смета дека убавината не е дар, туку божја казна…
Во Мадрид се случува невообичаено, ритуално убиство со црви. Убиена е преубава, високообразована и многу богата полуциганка – невеста. Нејзината убавина е толку занесна што го предизвикува убиецот да набави црви…
-
СЛЕДИ МЕ
„Биди добра пациентка сè додека не те пуштат надвор”.
Прогонувана од гласови и заблуди целиот свој живот, Лена копнее да биде ослободена од психијатриската клиника каде што е долгогодишна пациентка.
-
ОКО за ОКО #1
Терапевт откако го сослушува својот пациент и тој станува пациент…
Кога првпат ја запознав Сузи, изгледаше како нормална, среќно мажена жена која се справува со трагедија. Потоа, ги открив нејзините тајни. Иако сакав да не ја осудувам, сепак не можев.
-
ЛИА #3
Најопасната жена убиец сè уште претставува закана, иако е зад решетки во затвор. За неа само небото е граница. Велика Британија предолго живее во страв поради оваа жена.
-
ШТО ЗАБОРАВИ ТАА
Што би правеле доколку го изгубите сеќавањето и не знаете кои сте? Личноста за која мислите дека сте, ви велат дека не сте…
-
ПАЦИЕНТКАТА ШТО МОЛЧЕШЕ
Пациентка, којашто никогаш не прозборела, на својот психијатар го шепнува името на сопругот на нејзината докторка – зошто?
-
-
АНГЕЛОТ НА ГРАДОТ #2
За некого е ангел, а за други ѓавол…
На шест калуѓерки им се дадени шест пиштоли во рацете, секоја од нив има задача да пука во таа наспроти неа, без ниту една од нив да остане жива. Во овој обред е вклучена и калуѓерката која е најдобар фалсификатор на сите времиња – мајката на инспекторот Унаи – Итака.
-
НЕМАМ ТАЈНИ
Џема знае кој е убиецот. Затоа што тој ѝ кажа.
Убиецот мислеше дека неговата тајна е безбедна бидејќи Џема не може да зборува и да се движи, таа има церебрална парализа. Затоа луѓето често ѝ се доверуваат, зашто знаат дека таа никогаш нема да ги открие нивните тајни.
-
ИНСОМНИЈА
Дејзи не може да заспие. Таа бара лек за нејзината несоница, но лекот е нејзиниот најлош кошмар.
Дејзи не спие добро со години. Нејзината хронична несоница влијае на нејзината кариера. Затоа, таа е воодушевена кога ќе биде испратена во луксузна клиника за лекување.
-
-
КАНИБАЛОТ
Неодолив полицаец заведува девојки кои набрзо стануваат главни улоги во неговите изопачени игри.
Тој има сè поголем број на обожаватели кои се спремни да убијат за него.
-
СОВРШЕНИОТ БРАК
Дали би го одбраниле вашиот сопруг доколку биде обвинет за убиство на неговата љубовница?
-
ГОСТИН ВО НОЌТА
Напнат клаустофобичен трилер полн со пресврти, кој ќе ве натера да го задржите воздухот што го дишете додека ги вртите страниците.
-
НЕЈЗИНАТА ПЕРФЕКТНА ТАЈНА
Што ако твојот пациент стане вереник на твојата ќерка?
Дали како доктор треба да ја прекршиш Хипократовата заклетва за молчење и да ја изнесеш сета негова траума на виделина?
-
-
-
КОГА ЈАС БЕВ ТИ
Откако Бриен едвај преживеа брутален напад, таа не излегува од дома. Страда од неподносливи главоболки и губење на меморијата. Му верува и му се восхитува единствено само на нејзиниот нов станар – доктор Најл.