-
ОКО за ОКО #1
Терапевт откако го сослушува својот пациент и тој станува пациент…
Кога првпат ја запознав Сузи, изгледаше како нормална, среќно мажена жена која се справува со трагедија. Потоа, ги открив нејзините тајни. Иако сакав да не ја осудувам, сепак не можев.
-
МАЛАТА ПАЦИЕНТКА #1
Изабел е пациентка сместена помеѓу ѕидовите на високобезбедносниот психијатриски центар за деца „Кромонт“, каде што не постојат граници помеѓу реалноста и имагинацијата. Пред седум години пронајдено е безживотното тело на шестгодишната Мејси со изгравиран симбол на грбот. Телото е пронајдено во непосредна близина на семејната куќа на Изабел, во езерцето за патки. На тоа кобно место Изабел е затечена – покриена со крвта на Мејси и осудена за убиство, а казната ја издржува во најригорозната психијатриска установа под надзор на медицинската сестра Лиа.
-
ИЗАБЕЛ #2
Изабел ќе ве води низ најтемните патишта во лавиринтот на човечкиот ум, сè додека не го пронајдете излезот.
-
ЛИА #3
Најопасната жена убиец сè уште претставува закана, иако е зад решетки во затвор. За неа само небото е граница. Велика Британија предолго живее во страв поради оваа жена.
-
-
АНГЕЛОТ НА ГРАДОТ #2
За некого е ангел, а за други ѓавол…
На шест калуѓерки им се дадени шест пиштоли во рацете, секоја од нив има задача да пука во таа наспроти неа, без ниту една од нив да остане жива. Во овој обред е вклучена и калуѓерката која е најдобар фалсификатор на сите времиња – мајката на инспекторот Унаи – Итака.
-
СОВРШЕНИ ОСТАТОЦИ
Луѓето кои почнуваат да трчаат често не можат да запрат, сѐ додека не паднат.
На оддалечена планина гори телото на Елејн. Преостанува само да се идентификува почитуваната адвокатка – преку остатоци од заби и еден фрагмент од нејзината облека…
-
СОВРШЕНА ЖРТВА
Интензивен крими-трилер за еден манипулативен провокатор, кој го користи егото на двајца луѓе и од нив прави сериски убијци, лесни за манипулирање.
-
ТИШИНАТА НА БЕЛИОТ ГРАД #1
Убиецот, изборот на жртвите го правеше во парови: ставајќи им пчели во устата.
Тасио, брилијантен археолог беше обвинет од неговиот брат близнак Игнасио за низата ритуални убиства и осуден на дваесетгодишна затворска казна. Пред истекот на одлежаната казна ритуалните убиства повторно продолжуваа…
-
ВОДНИ РИТУАЛИ #2
Трилер кој целосно обзема уште од првиот пасус, како невидлива рака го зграпчува читателот и го вовлекува во најголемиот трик на ѓаволот, кој го убеди светот дека не постои.