-
ПРЕД ДА СЕ РАЗДЕЛИМЕ
249 денМет и Грејс се две осамени души, уште од првиот момент кога се сретнаа тие станаа неразделни пријатели. Со текот на времето нивното пријателство прераснува во голема љубов. Двајцата се талентирани и имаат соништа кои сакаа да ги остварат. Но судбината не е милослива кон нив – ја става на тест нивната љубов и доверба, при што патиштата им се разделуваат. Тие си ветија дека ќе бидат во постојан контакт и во најскоро време повторно да се видат.
Никогаш не ги исполнија ветувањата.
460 ден -
ФРАГМЕНТИ ОД СЛИКИ
249 денУбиец кој не може да ја оддели реалноста од фикцијата, низ виртуелни зеници ја спојува сегашноста.
Там е единаесетгодишно девојче; Таа, иако никогаш немаше покажано интерес за визуелна уметност, цртежите кои ги црташе во состојба на делириум беа толку реалистични места каде што никогаш не била…
450 ден -
ЛИТЕРАТУРНО ДРУШТВО ЗА КНИГИ И ПИТИ ОД ОСТРОВОТ ГЕРНЗИ
249 денВо 1946 година во Лондон: едно писмо пристигнува до писателката Џулија, од нејзин фасциниран и срамежлив читател кој живее на островот Гернзи. И додека таа бара инспирација за пишување, не се ни надева дека ќе ја добие токму од овој мистериозен читател кој не го ни познава.
460 ден -
ПАРИСКАТА СОПРУГА
249 денСрцепарателна животна приказна за животот на безвременскиот автор Ернест Хемингвеј и неговата прва сопруга Хејли. За љубовта, падовите и успехот, и едно ветувањето кое и ден денес живее како запис од перото на Хемингвеј : „Повеќе би сакал да сум мртов отколку да се заљубам во некоја друга, а тоа да не е Хејли“.
470 ден -
СОБА
249 ден„Соба“ е шокантна приказна за издржливоста и храброста на мајчинската љубов, која секогаш успева да најде зрак светлина на крајот од тунелот.
Џек е петгодишно момче кое не знае ништо за реалниот свет – надвор. Тој и неговата мајка живеат во заробеништво, во соба. Неговата мајка е негова реалност. Таа не сакајќи да го повреди со суровата реалност измислува разноразни игри кои ги играат заедно во тие четири ѕида, убедувајќи го дека остатокот од светот…
470 ден -
ШТО ОСТАВИ ЗАД СЕБЕ
249 ден1929 година: На осумнаесетгодишна возраст Клара е растргната помеѓу љубовта на нејзиниот живот и нејзините надмоќни родители, кои ѝ договориле брак. Кога таа ќе го послуша срцето, одбивајќи го веќе договорениот брак, нејзиниот татко ја казнува сурово – сместувајќи ја во лудница.
1990 година: Мајката на Изи фатално го застрелува нејзиниот татко додека спие. Изи е уништена од лудоста на сопствената мајка, дури и сега кога има 17 години, да ја посети во затвор…
470 ден -
ДЕСЕТ МАЛИ ВОЗДИШКИ
249 денВо сообраќајна несреќа, Кејси фатално ги загуби своите најблиски. Барајќи начин како да продолжи понатаму, кога целиот нејзин свет се распаѓа и болката ѝ ја пара душата, вложува натчовечки напори да го закопа минатото и да започне одново со камено срце.
Таа и нејзината петнаесетгодишна сестра Ливи, бегаат вооружени со две автобуски карти од местото каде што некогаш живееја, за да започнат нов живот во Мајами – градот на забавите…
470 ден -
НАЈДИ МЕ
249 денИнтригантен психолошки трилер.
Рени е четиригодишно девојче и ќерка на сериски убиец. Нејзиниот татко ја користи како мамка: таа глуми изгубено мало дете намамувајќи ги жените-жртви и водејќи ги директно во смрт. Нејзиниот татко Бенџамин – угледен професор по психологија е прогласен за сериски убиец и осуден на доживотна казна…
470 ден -
ОСТРИ ПРЕДМЕТИ
249 денБолката ги обединува луѓето повеќе и од среќата.
Но, некои лузни никогаш не заздравуваат…
После краткиот престој во психијатриска болница, репортерката Камил се соочи со вознемирувачка задача: „Да се врати во својот роден град и да напише колумна за исчезнатите девојчиња од нејзиниот крај.“ Иако, односот со нејзината невротична – хипохондрична мајка и морничава полусестра…
460 ден -
ДОБРА ЛОША ДЕВОЈКА
249 денТаа знае кога некој лаже или ја кажува вистината. Тој е психолог со минато што крие мачни тајни.
Во потрага е по една вистина што обединува – добра или лоша?470 ден -
УБАВИТЕ ДЕВОЈКИ ТАНЦУВААТ
249 денДали знаењето би било полошо од неизвесноста?
Келси беше 14 годишно девојче кое исчезна пред 7 години – се претпоставува дека е мртва. Последиците од исчезнувањето за семејството на Келси беа: рингишпил на ужаси кои резултираа со колекција на апчиња во боја на виножито…
470 ден











