-
ДЕВОЈКАТА ВО МРАЗОТ
349 денУбиец кој има изопачена психа, сака да замрзнува убави девојки кои личат на проститутки.
Очите ѝ се широко отворени, во нешто гледа. Усните ѝ се раздвоени, нешто сака да проговори. Но, таа е замрзната во мразот и не е единствена. Какви темни тајни крие девојката во мразот?
590 ден -
НОЌНИОТ ДЕМНАЧ
349 денНоќниот Демнач повеќе не е жртва, туку одмаздник…
Како сенка се движи длабоко во ноќта и ги демне луѓето. Сенката ја нарекоа ‘Ноќниот Демнач’ – сите ја зборуваат, а никој не ја видел. Некои се сомневаат дека е жена, а други дека е дете.
Зад маската на Ноќниот Демнач се крие лик што животот го скршил. Тој лик не се рoдил лош – животот го натерал да стане она од што најмногу се плаши… Секоја негова одлука е внимателно испланирана, секој негов чекор е порака: вистината секогаш го наоѓа патот, дури и во темнината.
590 ден -
СЕВЕРЕН ВЕТЕР
299 денДетектив кој многумина го мразат, ама и многу го сакаат.
Хун е поранешен детектив кој е избркан од работа. Тој иако ги познава детективите подобро отколку што самите се познаваат, сепак одлучува да не ги почитува законите и работите ги зема во свои раце. Неговиот темперамент е како ладен северен ветер, покосувајќи ја неправдата.
550 ден -
ЗАСПАНАТА КУКЛА
299 денТри невини жени се спремни сè да направат за убиец. Дали тие се заблудени или изопачени?
Даниел е убиец кој од жените прави кукли. Ништо не го прави посреќен од тоа да трансформира некој во суштество кое самиот ќе го обликува. Жените за него се спремни да прават работи коишто ни самите не можат да ги замислат. Луѓето за него прават сè што тој ќе посака… Тој зрачи со таква харизма што привлекува сè поголема група фанатици кои му се восхитуваат, нарекувајќи ги ‘семејство’, и има целосна контрола врз нив…
590 ден -
ТИВОК КРИК
299 денМоже ли некој што нема чувства да биде човек?
Сериски убиец кој не убива од омраза, туку од потреба да се почувствува жив. Убиствата не се негова цел, туку пат до нешто што другите го имаат, а тој го нема – емоции.
590 ден -
ДЕВОЈКАТА СО ТЕТОВАЖА НА ТИГАР
299 денЖените што ги регрутираат се високообучени како да заведат и да извлечат тајни.
Сингапур. Една убава и неидентификувана Јапонка е пронајдена мртва на брегот покрај морето. Грлото ѝ е расечено, а нема ни капка крв. Форензичар тврди дека се работи за самоубиство. Како е можно тоа?
Инспекторот Максимо Бетанкур e ангажиран да го истражува необичното самоубиство. По исчезнувањето на неговата сопруга, неговиот живот и неговата кариера се распаднаа. Колку е тој способен да истражува комплициран случај?
520 ден -
ШТО ЗАБОРАВИ ТАА
249 денШто би правеле доколку го изгубите сеќавањето и не знаете кои сте? Личноста за која мислите дека сте, ви велат дека не сте…
490 ден -
ДЕТЕТО ШТО МОЛЧЕШЕ
249 денМалото момче Ајден залутува далеку од училиште за време на страшна поплава во малото гратче Бишоптаун. Оттогаш не се врати.
Неговата мајка, Ема, беспомошно гледа кон црвеното палто на нејзиниот шестгодишен син како плови по реката Ус. Неговото тело никогаш не е пронајдено.
520 ден -
ЦИГАНСКАТА НЕВЕСТА
299 денУбиец кој убива невести со црви, тој смета дека убавината не е дар, туку божја казна…
Во Мадрид се случува невообичаено, ритуално убиство со црви. Убиена е преубава, високообразована и многу богата полуциганка – невеста. Нејзината убавина е толку занесна што го предизвикува убиецот да набави црви…
590 ден -
ОКО за ОКО #1
299 денТерапевт откако го сослушува својот пациент и тој станува пациент…
Кога првпат ја запознав Сузи, изгледаше како нормална, среќно мажена жена која се справува со трагедија. Потоа, ги открив нејзините тајни. Иако сакав да не ја осудувам, сепак не можев.
520 ден -
МАЛАТА ПАЦИЕНТКА #1
249 денИзабел е пациентка сместена помеѓу ѕидовите на високобезбедносниот психијатриски центар за деца „Кромонт“, каде што не постојат граници помеѓу реалноста и имагинацијата. Пред седум години пронајдено е безживотното тело на шестгодишната Мејси со изгравиран симбол на грбот. Телото е пронајдено во непосредна близина на семејната куќа на Изабел, во езерцето за патки. На тоа кобно место Изабел е затечена – покриена со крвта на Мејси и осудена за убиство, а казната ја издржува во најригорозната психијатриска установа под надзор на медицинската сестра Лиа.
520 ден -
ИЗАБЕЛ #2
249 денИзабел ќе ве води низ најтемните патишта во лавиринтот на човечкиот ум, сè додека не го пронајдете излезот.
490 ден -
ЛИА #3
249 денНајопасната жена убиец сè уште претставува закана, иако е зад решетки во затвор. За неа само небото е граница. Велика Британија предолго живее во страв поради оваа жена.
520 ден -
ПАЦИЕНТКАТА ШТО МОЛЧЕШЕ
249 денПациентка, којашто никогаш не прозборела, на својот психијатар го шепнува името на сопругот на нејзината докторка – зошто?
480 ден -
КРВАВ ПОРТОКАЛ
249 денТрилер полн со пресврти што ќе ве наведе френетично да ги вртите страниците.
520 ден -
СЛЕДИ МЕ
249 ден„Биди добра пациентка сè додека не те пуштат надвор”.
Прогонувана од гласови и заблуди целиот свој живот, Лена копнее да биде ослободена од психијатриската клиника каде што е долгогодишна пациентка.
520 ден -
СОВРШЕНИОТ БРАК
299 денДали би го одбраниле вашиот сопруг доколку биде обвинет за убиство на неговата љубовница?
550 ден -
ЦРНАТА КНИГА #1
249 денКако може некој кој е мртов четириесет години да е киднапиран и да крвави?
520 ден -
АНГЕЛОТ НА ГРАДОТ #2
249 денЗа некого е ангел, а за други ѓавол…
На шест калуѓерки им се дадени шест пиштоли во рацете, секоја од нив има задача да пука во таа наспроти неа, без ниту една од нив да остане жива. Во овој обред е вклучена и калуѓерката која е најдобар фалсификатор на сите времиња – мајката на инспекторот Унаи – Итака.
520 ден -
НЕМАМ ТАЈНИ
249 денЏема знае кој е убиецот. Затоа што тој ѝ кажа.
Убиецот мислеше дека неговата тајна е безбедна бидејќи Џема не може да зборува и да се движи, таа има церебрална парализа. Затоа луѓето често ѝ се доверуваат, зашто знаат дека таа никогаш нема да ги открие нивните тајни.
480 ден




















