-
ИЗАБЕЛ
Изабел ќе ве води низ најтемните патишта во лавиринтот на човечкиот ум, сè додека не го пронајдете излезот.
-
ДОБРА НОЌ УБАВЕЦУ
Психолошки напнат трилер со шокантни пресврти кои ќе ве натераат да посакате да го ѕирнете крајот.
-
НЕ БАРАЈ МЕ
За време на страшна бура, Моли го напушта своето семејство за да ги затапи своите чувства. Таа вози километри сè додека ѝ снемува гориво. Кога нејзиниот автомобил застанува, непознат маж со камионет во придружба на мало девојче, кое е копија на нејзината изгубена ќерка, ѝ нуди помош.
-
-
ТАЈНИ ЧУВАНИ ДО ГРОБ
Мариса има минато полно со тајни и сегашност полна со лаги. Сите ја знаат, но никој не ја познава. Кога Мариса е пронајдена брутално убиена, нејзината четиригодишна ќерка Хејли е потпрена на крвавите гради на нејзината мајка – повредена, но жива.
-
ЗАТВОРИ ГИ ОЧИТЕ
Опсесивно-комплусивен трилер кој ќе ве натера да гризете нокти, сè додека не ја завртите последната страница.
-
-
-
-
СЛИЧНАТА
Интензивен психолошки трилер кој не познава граници помеѓу вистината и лагата – реалноста и заблудата.
-
БЕЗ НЕЈЗИНА СОГЛАСНОСТ
Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или силувана?
На одделот каде што се сместени пациенти со трауматски повреди на мозокот и се во длабока кома, се случува нешто невообичаено: дваесет и двегодишната пациентка Елајза која е дванаесет години во кома добива породилни болки. Апаратите на кои е вклучена пиштат и ја сечат тишината како со жилети. Медицинскиот персонал е во шок – пациентката која со години е во кома се породува. Самото доаѓање на дете на свет води до сериозна истрага – медицинска и полициска.
-
НЕВИДЛИВА
До каде е спремна да оди една жена кога ќе ја опфати процесот на стареење и станува невидлива?
-
ПИСАТЕЛ ВО СЕНКА
Интензивен психолошки трилер за еден писател и една тајна која ја распарчува душата за да излезе и искрвави на страниците.
-
СЕСТРА
Психолошки трилер за две сестри, две испреплетени ДНК клетки – поврзани со невидливи нишки и за најсовремените микроскопи.
-
-
СОБА
„Соба“ е шокантна приказна за издржливоста и храброста на мајчинската љубов, која секогаш успева да најде зрак светлина на крајот од тунелот.
Џек е петгодишно момче кое не знае ништо за реалниот свет – надвор. Тој и неговата мајка живеат во заробеништво, во соба. Неговата мајка е негова реалност. Таа не сакајќи да го повреди со суровата реалност измислува разноразни игри кои ги играат заедно во тие четири ѕида, убедувајќи го дека остатокот од светот…