-
СОВРШЕНА ЖРТВА
Интензивен крими-трилер за еден манипулативен провокатор, кој го користи егото на двајца луѓе и од нив прави сериски убијци, лесни за манипулирање.
-
ВОДНИ РИТУАЛИ
Трилер кој целосно обзема уште од првиот пасус, како невидлива рака го зграпчува читателот и го вовлекува во најголемиот трик на ѓаволот, кој го убеди светот дека не постои.
-
ИЗАБЕЛ
Изабел ќе ве води низ најтемните патишта во лавиринтот на човечкиот ум, сè додека не го пронајдете излезот.
-
ДОБРА НОЌ УБАВЕЦУ
Психолошки напнат трилер со шокантни пресврти кои ќе ве натераат да посакате да го ѕирнете крајот.
-
НЕ БАРАЈ МЕ
За време на страшна бура, Моли го напушта своето семејство за да ги затапи своите чувства. Таа вози километри сè додека ѝ снемува гориво. Кога нејзиниот автомобил застанува, непознат маж со камионет во придружба на мало девојче, кое е копија на нејзината изгубена ќерка, ѝ нуди помош.
-
-
МАЈСКИ РОЗИ
Прија е млада девојка која е мета на сериски убиец – истиот кој ја убил нејзината сестра пред неколку години. По загубата на нејзината сестра, таа се бори со нарушување во исхраната. Нејзината мајка која е нејзина потпора – жена којашто ништо не може да ја скрши, храбро ја води единствената ќерка која ѝ остана низ животот на различни места со надеж за подобра иднина.
-
ТАЈНИ ЧУВАНИ ДО ГРОБ
Мариса има минато полно со тајни и сегашност полна со лаги. Сите ја знаат, но никој не ја познава. Кога Мариса е пронајдена брутално убиена, нејзината четиригодишна ќерка Хејли е потпрена на крвавите гради на нејзината мајка – повредена, но жива.
-
ЗАТВОРИ ГИ ОЧИТЕ
Опсесивно-комплусивен трилер кој ќе ве натера да гризете нокти, сè додека не ја завртите последната страница.
-
-
-
-
-
-
СЛИЧНАТА
Интензивен психолошки трилер кој не познава граници помеѓу вистината и лагата – реалноста и заблудата.
-
БЕЗ НЕЈЗИНА СОГЛАСНОСТ
Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или силувана?
На одделот каде што се сместени пациенти со трауматски повреди на мозокот и се во длабока кома, се случува нешто невообичаено: дваесет и двегодишната пациентка Елајза која е дванаесет години во кома добива породилни болки. Апаратите на кои е вклучена пиштат и ја сечат тишината како со жилети. Медицинскиот персонал е во шок – пациентката која со години е во кома се породува. Самото доаѓање на дете на свет води до сериозна истрага – медицинска и полициска.