-
МАЛАТА ПАЦИЕНТКА
Изабел е пациентка сместена помеѓу ѕидовите на високобезбедносниот психијатриски центар за деца „Кромонт“ – каде што не постојат граници помеѓу реалноста и имагинацијата. Пред седум години пронајдено е безживотното тело на шестгодишната Мејси со изгравиран симбол на грбот. Телото е пронајдено во…
-
ОВОЈ ЧОВЕК
Тој е зависен од адреналин, сака крвта силно да му пумпа во вените… Таа е разочарана од мажите и сака кариера.
-
ПРЕДАЛЕКУ
Тој спие со многу девојки, но неа не сака ни да ја допре.
Таа го сака тој што не смее ни да го помисли.
-
УБАВИНА ДО БОЛКА
Ако во странска земја неодолив милионер сака да помине незаборавни три месеци со вас, дали би прифатиле?
-
УБАВИЦАТА ОД ХАРЕМОТ
И покрај петстотини убави жени во харемот, само една со своите вештини го освојува срцето на султанот…
-
ПРЕБЛИСКУ
Што би направиле ако личноста на која никогаш повеќе не треба да ѝ верувате, е токму онаа личност која очајно ви треба?
-
-
СТАКЛЕНО СРЦЕ
Емотивна романса за тоа што значи да се сака со цело срце. Да се доживее страшна тага и голема радост. Да се живее животот со сета негова убавина и сета болка. И на крајот да можеш да се насмееш и низ солзи да кажеш: „Ништо не би променил.“
-
-
ДОБРА ЛОША ДЕВОЈКА
Таа знае кога некој лаже или ја кажува вистината. Тој е психолог со минато што крие мачни тајни.
Во потрага е по една вистина што обединува – добра или лоша? -
ТИВКАТА ДАМА
Во позната лондонска канцеларија на угледен адвокат влезе жена во скапа, но многу извалкана облека што виси на нејзиното изнемоштено тело. Таа изгледа како да има потешкотии да зборува. Персоналот во канцеларијата мисли дека станува збор за скитничка која спие по улици.
-
ПРВАТА КРАЛИЦА
Може ли Кела да се заштити себеси од жената која има моќ да го згази секој што ќе ѝ се испречи на патот?
-
-
ОВОЈ ЧОВЕК – КАЗНА
Еротска романса за страста и љубовта, болката и лузните на душата. Приказна која опседнува и создава зависност.
-
ДЕТЕТО ШТО МОЛЧЕШЕ
Само еден ги знае одговорите, тој што молчи.
Малото момче Ајден залута далеку од училиште за време на страшна поплава во малото гратче Бишоптаун. Оттогаш не се врати.
Неговата мајка Ема беспомошно гледаше кон црвеното палто на нејзиниот шестгодишен син како плови по реката Ус. Неговото тело никогаш не беше пронајдено…
-
УБАВАТА СУЛТАНКА
Само таа знаеше како да ја разгори страста на најмоќниот и стана единствената Французинка – царица на Отоманската империја. Со ораторски вештини, за само пет дена, Ејме го освои срцето на султанот и нејзиниот живот драматично се смени, а со тоа и нејзиното име Накшидил, што значи „извезена на срцето”.
-
РАБОТИТЕ ШТО НЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ КАЖЕМЕ
Срцепарателна сага за една голема љубов која го пара срцето и повторно го шие.
Во 1942 година за време на Втората Светска војна, во Полска, Томаш ја запроси Алина. Од тогаш таа го мереше времето до секое следно видување. Но, откако нацистите го окупираа местото, тие наоѓаа нови длабочини на суровост…
-
НИТУ ЕДНА КАКО НЕА
Најубава меѓу убавите… Опасна и моќна… со нејзиниот стратешки ум создава најголема империја и станува легендарна кралица.
-
УБАВИНА ОД ЉУБОВ
Таа го освои срцето на најпосакуваниот плејбој. Но, дали тој сепак може да одолее на најубавите жени кои го посакуваат?
-
Совршени остатоци
Луѓето кои почнуваат да трчаат често не можат да запрат, сѐ додека не паднат.
На оддалечена планина гори телото на Елејн. Преостанува само да се идентификува почитуваната адвокатка – преку остатоци од заби и еден фрагмент од нејзината облека…