-
ВИОЛЕТОВАТА ЖАЛФИЈА
349 денТаа прави голема свадба – без младоженец – така ѝ наложува традицијата.
Чи Лин, иако потекнува од семејство на интелектуалци, сепак се мажи за човек кој умира пред свадбата и, според традицијата, свадба мора да има – таа станува сопруга на мртов човек и прави ритуали кои не ги познава. По венчавката е принудена да живее во ултра богатото семејство на ‘својот сопруг’ со неговите три жени кои веќе му родиле деца.
590 ден -
НЕФЕРТИТИ
299 денНефертити не е како другите жени, таа е посебна. Иако нема кралска крв, престолот ѝ е загарантиран…
Таа уште како мала покажува интерес за пишување и наука, но бидејќи во нејзино време е забрането жените да пишуваат и да го надградуваат своето знаење, таа започнува тајно да учи.
Веста за нејзината впечатлива убавина, мудрост и интелигенција го привлекува вниманието на манипулативната и најмоќна кралица Тије, која е господарка на заговорите и интригите и најсакана жена на фараонот. Таа наредува Нефертити да живее во кралството на фараонот, бидејќи има планови за неа.
550 ден -
ЛАВИЦИТЕ ОД ТЕХЕРАН
299 денОние што те сакаат најмногу и оние на кои најмногу им веруваш, може да ти го уништат животот.
Иран, земја каде што законот наложува деветгодишни девојчиња да можат да стапат во брак, каде што по улици шета полиција за морал и казнува жени за несоодветно носење на хиџаб со тепање и затвор… Две жени лавици се борат за женските права.
550 ден -
ПРОДАВНИЦАТА ЗА СУВЕНИРИ ВО ТЕХЕРАН
249 ден1953 година во Техеран, две лица за првпат се сретнуваат во една мала продавница – литературна оаза, во земја која е на раб на немири.
Роја е девојка идеалист која копнее по знаење. Таа открива продавница каде покрај другото се продаваат и книги од големите умови, набрзо таа продавница ѝ станува светилиште за нејзиниот ум.
520 ден -
СЀ ДОДЕКА РАСТАТ ЛИМОНОВИТЕ ДРВЈА
299 ден„Сè додека растат лимоновите дрвја, надежта никогаш нема да умре.”
Сирија. Салама која работи во болница како хирург и спасува многу животи секој ден, се бори со совеста што ја измачува. Принудена да порасне прерано поради околности кои се надвор од нејзина контрола, таа се соочува со дилема дали да ја напушти својата сакана татковината или да остане дома.
550 ден -
КРВТА НА ЦВЕЌИЊАТА
299 денВо традиционална земја каде што бракот од неколку месеци е легален и може да се обновува, една млада жена добива понуда за привремен брак кој ќе трае само три месеци. Дали може да го продолжи?
550 ден -
КЛЕОПАТРА
299 денКлеопатра, македонската кралица која не само што го промени Египет, туку го промени и светот.
Клеопатра се капе во млеко и пие вино од златни пехари… За неа кралскиот живот е само едно театарско шоу: кој најдобро глуми, нему му веруваат. Но, таа и без да глуми ги освојува сите – луѓето ја обожаваат како бог.
550 ден -
ЉУБОВНИЦАТА НА КРАЛОТ
249 денЗошто еден крал повеќе ја сака неговата љубовница, отколку својата кралица?
Вратите се отвораат, стражарите се повлекуваат, дворјаните паѓаат како покосено класје. Жените, иако ја мразат, ги спуштаат главите и тивко се поклонуваат пред нејзините нозе. Мажите ја посакуваат, но само еден може да ја има – оној кој ѝ даде моќ – кралот Хенри Тудор.
520 ден -
НАЈПОСАКУВАНАТА ГЕЈША
249 денВистинска приказна за една гејша која станува толку многу популарна што ја бараат претседатели, принцови, па дури и кралици.
Минеко е толку позната гејша што каде и да оди, никој не ѝ наплаќа. Таа е толку барана што моќници за да ја видат, плаќаат астрономски суми. Може да го има кој сака, но сепак, избира да биде сама.
520 ден -
ГОРЧЛИВ ПРЕВЕЗ
299 денАна е Американка која се заљубува во богато и надежно момче, Нури, со потекло од Иран.
За кратко време, Нури ѝ нуди брак на Ана и ја води во Иран. Иако на почеток таа е исплашена на што сè може да наиде, подоцна е фасцинирана од богатото семејството на Нури и убавините на Иран: егзотични мириси и зачинета храна со неодоливи вкусови во високите кругови…
520 ден -
РАБОТИТЕ ШТО НЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ КАЖЕМЕ #1
299 денСрцепарателна сага за една голема љубов која го пара срцето и повторно го шие.
Во 1942 година, за време на Втората светска војна, во Полска, Томаш ја запросува Алина. Оттогаш таа го мери времето до секое следно видување. Но, откако нацистите го окупираат местото, тие наоѓаат нови длабочини на суровост. Нејзе ѝ преостанува само да го мери просторот помеѓу очајот и надежта за животот на нејзиниот сакан – Томаш.
590 ден -
СИРАКОТ ОД ВАРШАВА #2
249 денСрцепарателна приказна за Елзбиета и опасниот обид на Роман да ја поврати љубовта и животот што некогаш го имале.
520 ден -
УТРАТА ВО ЏЕНИН
299 денЈа нарекуваа „Ледена кралица” бидејќи нејзиното ледено срце го помешаа со ароганција…
520 ден -
ЖЕНИТЕ СО СВИЛА #1
249 денЗошто една млада жена прави церемонијален обред, поради тоа што нема да се мажи?
520 ден -
НЕВИДЛИВА НИШКА #2
249 денЗошто немажена жена се смета полоша и од болест?
На дваесет и седумгодишна возраст Пеи бега од фабриката за свила, каде што работи од својата осумгодишна возраст. Таа со себе ја зема и Џи Шен – сираче кое остана без родители.
520 ден -
ОЧИТЕ НА АМИРА
249 денУбава, интелигентна, богата, а сепак несреќна.
Амира е Арапка која живее во Чиле. Таа може да има сè, освен оној кој го сака, бидејќи ѝ е забранет. Нејзиниот татко принудно ја мажи за маж кој е постар од неа триесет години, некој кој е уште побогат од Амира.
490 ден -
-
БОЖИЌНИОТ БЛАГОСЛОВ #2
249 денБожиќ е магичен, тогаш се случуваат чуда…
Откако мајката на Нејтан почина од рак, единствената желба на Нејтан е да стане доктор.
450 ден -
БОЖИЌНАТА НАДЕЖ #3
249 денНајдобриот подарок кој може некому да го подариме е времето.
На Патриша и Марк бракот им се распаѓа. Тие одамна се откажаа од надежта дека некогаш ќе бидат среќни и дека ќе поминат Божиќ за паметење. Но, работата на Патриша како социјален работник ја води до едно мало прекрасно дете. Таа од очај не размислува рационално и ги прекршува правилата, па го носи детето во својот дом.
И Божиќ повторно станува време за радост… Патриша успева да го задржи својот сопруг и да ја обнови љубовта што некогаш цветаше.
450 ден -
БОЖИЌНОТО ВЕТУВАЊЕ #4
249 ден„Секој Божиќ си даваме ветување еден на друг…”
Секој Божиќ Глорија става картичка во плик под елката, повторувајќи го истото ветување што му го даде на својот сопруг. Нејзиниот живот се заснова грижејќи се за луѓето и тоа најмногу ја исполнува.
450 ден




















