Неодолив полицаец заведува девојки кои набрзо стануваат главни улоги во неговите изопачени игри.
Тој има сè поголем број на обожаватели кои се спремни да убијат за него.
Тој е убиец кој ја остава својата ДНК на неговите жртви, ја обележува својата територија како куче, но, сепак, останува недопирлив. Кејт е надежна инспекторка која успева да го фати најозлогласeниот убиец наречен „Канибалот“. Но, наместо таа да биде наградена, таа е разрешена. Нејзината најголема победа се претвора во најголем кошмар. Таа е трауматизирана, изневерена и јавно осудувана. Нејзината кариера завршува со скандал.
По петнаесет години, Кејт работи како професорка по криминaлистика на универзитет. Но, и покрај тоа што таа сè уште е прогонувана од нејзиното мрачно минато, нејзиниот триумф е светлината која секогаш доминира над темнината.
Трилер кој брзо се чита, а тешко се спушта.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.