„Како да продолжиш понатаму кога љубовта ти го распарчува срцето и пулсот ти бледнее?“
Откако Емили го загуби Гевин – љубовта на својот живот, секој нејзин здив ѝ причинува болка.
Таа не може да живее без него и решена е по секоја цена да го врати. Но, дали Гевин ќе сака да ѝ се врати? Може ли нивните две срца повторно да се судрат и да ја разгорат љубовта што не познаваше граници, или пак ќе се отворат лузните од нивното минато и ќе ги раскинат нивните срца? Само времето ќе покаже… Тик-Tак…
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.