Сите негови војници внимателно зјапаа во неговата сопруга. Тие можеби не ѝ веруваа на жената на нивниот поглавар, но со сигурност беа маѓепсани од неа…
Алек е моќен шкотски господар. Иако жените не можат да му одолеат, тој е принуден да земе сопруга која не ја познава, од Англија. Од трите ќерки на баронот, тој ја избира најмладата – Џејми: нескротлива убавица со похотни очи.
Само еден нејзин поглед и тврдокорниот Алек ја погазува својата гордост и во легендарната убавица Џејми се заљубува до болка. Тој сака да ја допира и да ја скроти, да биде негова… засекогаш. Но, Џејми вети дека никогаш нема целосно да му се предаде на овој арогантен убавец. Тој беше сè што нејзиното срце ја предупредуваше: вообразен господар чиј изглед зборува за жестоки задоволства. На неговите слатки бакнежи, таа дрско се спротивставува… сè додека еден занесен момент не го задуши нивниот судир и нешто многу поопасно од желбата се заканува да ги победи нејзините сетила.
Роман кој маѓепса милиони читатели ширум светот. Романтична љубов која го одзема здивот.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.