Мирисот на штотуку испечени колачи, треперењето на божиќните светилки и веселата празнична врева понекогаш будат спомени за кои мислиме дека одамна сме ги заборавиле.
Труди го затвори срцето за нови љубови и се навикна на живот без големи изненадувања. Но, еден неочекуван повик ја носи во шармантно гратче, каде што ја чека наследство од нејзината сакана тетка – прекрасен пансион исполнет со спомени. Токму кога мисли само да ги среди работите и да продолжи понатаму, таа се наоѓа среде божиќна еуфорија, неочекувани пријателства и средба што ѝ буди пеперутки во стомакот.
Додека гратчето се подготвува за Божиќ, а пансионот повторно се исполнува со мирис на колачи, смеа и празнична магија, Труди открива дека животот сè уште има изненадувања за неа.
Понекогаш е потребно само едно божиќно чудо за повторно да поверуваме во љубовта, среќата и можноста за нов почеток.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.









