Животот секогаш нè враќа таму каде што срцето нè води.
По долги години далеку од Шкотска, Ели се враќа во Фолбери – мало рибарско село на брегот, полно со спомени од нејзиното детство. Таму ја чека „Куќата со рози ”- стариот пансион на нејзината тетка, кој полека го губи својот некогашен сјај и има само една последна шанса да биде спасен. Но, враќањето дома значи и соочување со минатото. Со Греам – нејзината прва љубов, човекот коj мислеше дека одамна го остави зад себе…
Некои места никогаш не престануваат да нè повикуваат. Некои спомени никогаш не исчезнуваат. А некои љубови само чекаат повторно да бидат пронајдени. Можеби Ели не се врати во Фолбери само за да го спаси пансионот, се врати за да го пронајде патот до себеси… и до љубовта што никогаш не престана да ја чека.
Топла приказна за домот што повторно станува семејство, а спомените – нова надеж.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.









