Постапка за рекламација на неисправно испорачани производи

Имате право на замена на неисправни производи ако е видливо дека на производот има грешка која не настанала поради неисправен начин на користење, туку дека дошло до грешка во процесот на производство или во пакувањето.

Купувачот е должен да пријави рекламација во рок од 7 работни дена од моментот на прием на пратката.

Враќањето на производот во тој случај се врши на наш трошок, а пријавата се поднесува вака:

  • 1. Пратете ни мејл на phknigoholicari@yahoo.com. Пораката задолжително да вклучува: име и презиме, e-мејл, број на фактура или сметка што сте ја добиле со испорака на производот или доколку не ја чувате сметката датум и место на порачка, порака во која ќе ја опишете причината за рекламацијата.
  • 2. Производите наменети за враќање, спакувајте ги во оргиналната амбалажа и задолжително приложете ја фактурата, фискалната сметка или било кој друг документ со кој докажувате од каде е купен производот. Без приложување на било каков документ од предходно наведените нема да бидеме во можност да Ви ја замениме нарачката.
  • 3. Во моментот кога испорачувачот на пратката ќе го достави исправниот производ, ќе го преземе од вас производот што го враќате, односно рекламирате.

Оштетените или погрешно испорачаните артикли ги праќаме веднаш по добивањето на вашата рекламација.

Во случај производот да не може да се замени за ист (доколку е распродаден или слично), можете да си изберете друг наш производ во иста противвредност како рекламираниот или пак да Ви бидат вратени уплатените парични средства на истата сметка од која се примени.

Напомена: Враќање на средствата во готово, ако биле платени од платежна картичка, не е можно.