-
ТАЈНИ ЧУВАНИ ДО ГРОБ
Мариса има минато полно со тајни и сегашност полна со лаги. Сите ја знаат, но никој не ја познава. Кога Мариса е пронајдена брутално убиена, нејзината четиригодишна ќерка Хејли е потпрена на крвавите гради на нејзината мајка – повредена, но жива.
-
СВЕТЛА СТРАНА
Кејт е најневеројатната жена што некогаш сум ја запознал во мојот живот. Таа ме промени, јас станав подобар маж поради неа.
-
КОГА ЈАС БЕВ ТИ
Откако Бриен едвај преживеа брутален напад, таа не излегува од дома. Страда од неподносливи главоболки и губење на меморијата. Му верува и му се восхитува единствено само на нејзиниот нов станар – доктор Најл.
-
НЕ БАРАЈ МЕ
За време на страшна бура, Моли го напушта своето семејство за да ги затапи своите чувства. Таа вози километри сè додека ѝ снемува гориво. Кога нејзиниот автомобил застанува, непознат маж со камионет во придружба на мало девојче, кое е копија на нејзината изгубена ќерка, ѝ нуди помош.
-
-
СВЕТЛО ВО ТЕМНИНАТА
Маестрален лирски трилер кој ќе ве води на незапирливо патување низ процепите на човечката психа: помеѓу доброто и злото, темнината и светлината на човечкиот ум.
-
НОЌНИОТ КРАДЕЦ
Кога сите спијат, тој влегува во нивните куќи. Зема само една работа – фотографија од нивното дете. Тој е човек со две лица: за некого ангел, а за други ѓавол.
Интензивен, извртен и зависен трилер, кој не се испушта сè додека не се прочита.
-
САШЕНКА
Приказната за Сашенка се крие половина век, сè додека еден историчар не навлезе во приватните архиви на Сталин и ја разоткрие вистината.
-
ЛЕЧЕЊЕ НА ТРАУМА
Книга од круцијално значење за психијатри и за сите оние кои се обидуваат да го разберат, спречат или лекуваат огромното страдање – предизвикано од траумата.
-
НЕГОВИТЕ ТАЈНИ
Крис стана нејзин живот, нејзино срце, нејзина душа. Но, тој е мрачен и оштетен. Неговите тајни се многу. Но, сепак, Сара ќе ризикува сè за него. Тој ги изложува своите најдлабоки потреби, неговите најеротски желби…, и во афект на страст ќе открие сè што го мачи и од што никогаш не може да побегне.
-
-
КАНИБАЛОТ
Неодолив полицаец заведува девојки кои набрзо стануваат главни улоги во неговите изопачени игри.
Тој има сè поголем број на обожаватели кои се спремни да убијат за него.
-
ЉУБОВНА ЗАМКА
Итан е човек кој има контрола над сè, но лесно ја губи кога е во прашање Брин. Тој е толку заштитнички настроен кон неа и спремен да се справи со секој предизвик од нејзиното минато… Неговата физичка потреба за неа е толку голема и заемна што честопати заедно се надвор од контрола.
-
СОВРШЕНА ЖРТВА
Интензивен крими-трилер за еден манипулативен провокатор, кој го користи егото на двајца луѓе и од нив прави сериски убијци, лесни за манипулирање.
-
-
ГОСТИН ВО НОЌТА
Напнат клаустофобичен трилер полн со пресврти, кој ќе ве натера да го задржите воздухот што го дишете додека ги вртите страниците.
-
ВОДНИ РИТУАЛИ
Трилер кој целосно обзема уште од првиот пасус, како невидлива рака го зграпчува читателот и го вовлекува во најголемиот трик на ѓаволот, кој го убеди светот дека не постои.
-
-
ГЕРМАНСКАТА ЖЕНА
Срцепарателна приказна за љубовта, семејството и за изборите што луѓето ги прават кога се најслаби. Кели Ример пишува со длабоко сочувство за човечките слабости.
-
ГОЛЕМАТА КРАЛИЦА
Вистинска приказна за животот на една робинка која успева да стане кралица и владее со империја и зошто толку малку луѓе слушнале за неа…