ДОБРА НОЌ УБАВЕЦУ

480 ден

Психолошки напнат трилер со шокантни пресврти кои ќе ве натераат да посакате да го ѕирнете крајот.

Ако во вашиот дом откриете отвор каде што можете да ги слушате сесиите на терапевтот кој го идолизирате – сочни тајни од неговите пациенти… дали би можеле да одолеете да не слушате?

Младиот брачен пар, Ени и нејзиниот сопруг, психолог Сем, се селат во викторијанска палата за да бидат поблизу до мајката на Сем, која е во старски дом.

Ени поголемиот дел од своето време го поминува сама, додека нејзиниот сопруг Сем, прави луксузна ординација на долниот кат и поминува многу часови во грижа за егото на женските пациенти.

Сем не знае дека преку отворот на неговиот таван, секој збор од неговите сесии може да се слушне во просторијата на горниот кат: сопругата на фармацевтот размислува за развод, момчето на познатата сликарка не ја задоволува во кревет… Кој би можел да одолее да не слуша? Сè е во ред додека не се појави Французинка со зелено мини купер и Сем одлучи по завршувањето на работата да не се врати дома.

Психолошки напнат трилер со шокантни пресврти кои ќе ве натераат да посакате да го ѕирнете крајот.

 

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.

Автори