ОСТАНИ

470 ден 200 ден

Лукас е четиринаесетгодишно момче кое расте во дисфункционално семејство додека неговиот брат води битка на бојно поле – неговите родители секојдневно војуваат со сопствените демони. Во потрага по мир, Лукас се упатува во шумата.

Таму запознава мистериозна жена по име Зои, која живее во изолирана колиба. Таа води ограничен живот прогонуван од сопственото трагично минато. Внатрешните демони ѝ ја уништуваат и последната надеж за живот. Но, Лукас успева да ја пробие бариерата на невидлив ѕид зад кој се крие Зои. Тие повеќе не се две осамени жртви на сопствените судбини. Нив ги поврзува меѓусебна помош – ‘среде пеколот да пронајдат мир’.

Но, дали постои волшебен начин да убедиш некој да не живее во спомените од минатото и да остане во сегашноста?

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.