НИТУ ЕДНА КАКО НЕА

АвторМ.Ади

460 ден 200 ден

Најубава меѓу убавите… Опасна и моќна… со нејзиниот стратешки ум создава најголема империја и станува легендарна кралица.

Најубава меѓу убавите… Опасна и моќна… со нејзиниот стратешки ум создава најголема империја и станува легендарна кралица.

XI век, Северна Африка. Во обид да ја промени својата судбина, Зејнеб измислува лажно пророштво: дека е предодредена да се омажи за човек кој ќе создаде империја. Иако планот не ѝ успева, таа не се откажува. Убавината, интелигенцијата и амбициозноста ја доведуваат до четири брака – секој еден од нив ѝ го подига статусот сè повисоко.

Кога Зејнеб се мажи за Јусуф, тој ги прифаќа нејзините стратешки вештини кои се подобри и од неговите најдобри генерали и заедно создаваат империја. Таа станува легендарна кралица каква што никогаш немало. Кога конечно нејзината жед за моќ е задоволена, нејзиниот очај и потреба да биде сакана прават да стане најопасен ривал за жените во животот на Јусуф…

Може ли Зејнеб да ја најде љубовта по која копнее? Што ќе се случи со империјата која таа ја создаде? Дали судбината на големата кралица ќе биде уништена од една навидум безначајна жена?

Книгата е прв дел, продолжение е Првата кралица.

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.

Автори