ВОДНИ РИТУАЛИ #2

600 ден

Трилер кој целосно обзема уште од првиот пасус, како невидлива рака го зграпчува читателот и го вовлекува во најголемиот трик на ѓаволот, кој го убеди светот дека не постои.

Жртвата која некогаш била измачувана од монструм и самата станува монструм…

Бремена жена е убиена на невообичаен ритуален начин во котел со вода – артефакт од бронзено време кој ја симболизира плодноста. Кога инспекторот Унаи открива дека жртвата е неговата прва љубов Ана, му се враќаат сеќавањата за времето што го поминал со неа, а со тоа и спомените од мрачната тајна која ја чува долго време.

Кога убиецот повторно напаѓа идни родители, исчезнуваат котли од музеи и повторно се појавуваат. Инспекторот Унаи доаѓа до сознание дека во животот на секоја жртва постои чкрапало – трауматичен настан кој ја турка жртвата до точка од која нема враќање… Унаи сега мора да се соочи со своето минато за да го демаскира овој ѓавол и нема време за губење, бидејќи заменик-началничката, неговата сегашна љубов, штотуку дозна дека е бремена, a таткото можно е да биде и самиот тој.

Трилер кој целосно обзема уште од првиот пасус, како невидлива рака го зграпчува читателот и го вовлекува во најголемиот трик на ѓаволот, кој го убеди светот дека не постои.

 

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.

Поврзани книги