ШЕПНИ МИ НЕШТО

550 ден 250 ден

Никој не може да ја повреди толку – колку што таа може да издржи.

Таа и нејзината другарка којашто ја има измислено се неразделни. Но, дали таа е жената која ја води низ животот или е само плод на имагинација?

Мејси е самохрана мајка која никогаш не ги исполнува очекувањата на најблиските. Таткото на нејзината ќерка ја гледа како да е психички нестабилна, но сепак тој ја прогонува. Каде и да оди, што и да прави, тој секогаш е таму да ги потенцира нејзините недостатоци и неуспеси.

Еден телефонски повик ѝ го менува животот во целост. Нејзината мајка е во кома и таа треба да донесе одлука дали да живее или да ја остави, и да ги напушти неа и нејзиниот предобар татко кој се соочува со обвинение за злоупотреба и занемарување. Тој ја чувал нејзината мајка три дена во кома без да повика итна помош. Нејзе не ѝ е јасно, како таткото што некогаш го сакаше, го изгуби паметот и од добар човек се претвори во монструм – неговата фантазија бега од реалноста и работите иако се измислица, ги прави да изгледаат реални… И сè додека Мејси бара одговори, наидува на неискажливи тајни една по друга… одговорите ја враќаат назад во детството и таа станува опседната со девојчето со кое си играла како мала, кое порасна во жена. Откако знае за себе, таа е поврзана со неа. Принудена да ги истражи нејзините најмрачни спомени, открива за ликот кој ѝ е животна водилка – Марли, и конечно ја дознава вистината: дали таа навистина е реалност или трик на нејзината меморија која си играла со неа?

 

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.

Автори