На оддалечена планина гори телото на Елејн. Преостанува само да се идентификува почитуваната адвокатка – преку остатоци од заби и еден фрагмент од нејзината облека.
Во скриена задна соба на една куќа во Единбург, вистинската Елејн вреска во темнината, плашејќи се од нешто кое е многу повеќе од физичка болка.
Инспектор Лук Каланах зад себе остави ветувачка кариера во Интерпол – желен да се докаже на новиот тим во локалното подрачје. И кога едвај стапна во новата канцеларија, случајот за исчезнатата жена прерасна во истрага за убиство, во кој убиецот ги скрива трагите со внимателна прецизност.
После извесно време киднапирана е уште една успешна жена која умот го цени повеќе од телото. Каланах е во трка со времето, или пак тој така мисли?
Судбината на киднапираните жени ќе се покаже многу повеќе изопачена отколку што може да се претпостави.
Kнигата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.