Не дозволувајте стравот да ве спречи да напредувате. Кога ќе соберете храброст да продолжите понатаму, стравот полека ќе исчезне. Клучот за вашата сопствена среќа лежи во вас, а не во рацете на другите.
Здравје, мирен сон, љубов… Овие работи не можат да се купат, туку треба да се заслужат.
Среќата е краткотрајна емоција, а не постојана состојба. Сите ние сакаме да бидеме среќни, тоа е она за што се стремиме и по што копнееме. Но, што ако цело време мечтаеме за нешто недостижно и затоа не можеме да бидеме среќни?
Нашите карактери можеме драстично да ги промениме, нашата потсвест игра значајна улога во обликувањето на тоа кои сме ние и кои може да бидеме. Од нас зависи.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.