ЕНИГМА #2

690 ден 345 ден

Тенка е линијата помеѓу омразата и љубовта.

Бо не може да се помири со смртта на мајка си, таа го остава својот вереник пред олтар и ја напушта работата како полицајка во Мајами. Таа не гледа светлина, сè додека не го запознае Џејмс Кели, кој изгледа исто толку оштетен како и неа. А сепак, и покрај неговата студена фасада, тој ѝ поттикнува некакви чувства.

И невозможно е таа да му одолее.

Тенка е линијата помеѓу омразата и љубовта.

Бо не може да се помири со смртта на мајка си, таа го остава својот вереник пред олтар и ја напушта работата како полицајка во Мајами. Таа не гледа светлина, сè додека не го запознае Џејмс Кели, кој изгледа исто толку оштетен како и неа. А сепак, и покрај неговата студена фасада, тој ѝ поттикнува некакви чувства.

И невозможно е таа да му одолее.

Џејмс Кели има само една цел – да го најде човекот кој го убил неговото семејство. Но, истрагата го води директно до Бо Хејли – ќерка на озлогласената детективка која немилосрдно му дишеше во врат. Бо не е она што Џејмс го очекува, и покрај темнината што ја обвива, тој наоѓа блесок светлина – светлина која му предизвикува зависност. Затоа тој мора да одлучи: да ја остави да дише и да ѝ открие кој е тој, или, пак, да ја убие и да продолжи со својата мисија. Двајцата се измачени души кои играат смртоносна игра. Кој ќе преживее?

Книгата е 2 продолжение, после „Британецот“.

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.

Поврзани книги

  • ВОСКРЕСЕНИЕТО #3

    Британецот повторно се жени…

    Кога Дени Блек ја зеде убавата љубовница на непријателот, тој никогаш не помисли за последиците… Роуз го турка Дени на работ на лудило со нејзиниот непробоен штит и бунтовна природа. Дени мора да се потсетува дека таа е мамка, но и решение за секој негов проблем. Но, сепак, таа предизвикува моќни чувства кај Дени.

    Најопасната игра ќе се игра.

    690 ден 345 ден
  • БРИТАНЕЦОТ #1

    Тој никогаш не бил грижлив со жените, но за неа би убил.

    Роуз не живее, таа само постои. Молчењето е единствената опција за таа да преживее во овој суров свет. Кога озлогласениот Дени Блек ја заробува само затоа што сака да демонстрира моќ, нејзините емоции се мешаат. Таа чувствува страв и нешто многу полошо – безнадежно го посакува. Претходно иако слушаше приказни за Британецот дека е бесчувствителен и ладен, никој никогаш не ѝ кажа колку е тој проклето убав и мрачен. Тој гледа низ нејзината маска, давајќи ѝ сурово чувство на надеж. Но, таа мора да се бори со нивната изопачена привлечност или ризикува да го изгуби она за што вреди да живее.

    690 ден 345 ден