Тој е богат и славен, неговото минато е мрачно, но исто и моето. Дали може да се спасиме еден со друг? Или темнината ќе нè распарчи?
Од моментот кога го запознав, тој ме промени. Тој стана моја страст, мојот живот, дел од мојата душа што ми недостасуваше. Тој е причината за тоа што сум, а не само сенка од човек. Заедно, ние сме збир од скршени парчиња кои повторно стануваат цели.
Ништо нема да нè уништи и нема да дозволиме никој да нè спречи да живееме живот каков што само ние сакаме.
Книгата е 6 дел од серијал, после „Ти припаѓам тебе“.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.