Кејт е најневеројатната жена што некогаш сум ја запознал во мојот живот. Таа ме промени, јас станав подобар маж поради неа.
Тајни.
Секој има по некоја.
Некои се поголеми од другите.
Кога ќе се откријат тајните, некои ќе те излечат, а други ќе те уништат.
Животот на Кејт е сè, само не обичен. Таа помина низ тешки фази во нејзиниот живот, но и покрај сето тоа, остана оптимист. Затоа нејзиниот најдобар пријател, Гас, ја нарекува ‘Светла Страна’. Таа е со челична волја: самоуверена, интелигентна и талентирана. Кејт никогаш не верувала во љубов и кога таа го напушта Сан Диего за да оди на колеџ во мало гратче во Минесота, последно нешто што очекува е дека ќе се заљуби во Келер.
И двајцата се лудо заљубени еден во друг, но секој од нив има причина да се бори против љубовта. Секој од нив има голема тајна.
И кога ќе се откријат тајните, некои од нив ќе ги излечат, а други може да ги уништат…
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.