Дали би се оддалечиле од сопственото дете само за да му овозможите спокоен живот?
Животот на Рејчел не е совршен, но таа е среќна. Живее идиличен живот со својот сопруг и нивната ќерка Бека – која прави срцето да ѝ експлодира од љубов. Но еден погрешен потег ѝ униши сѐ што таа некогаш градела. Рејчел ја напушта куќата и нејзиното семејство кое толку многу го сака. Срцето ѝ е скршено – ја изневери довербата на нејзината ќерка Бека.
Повеќе ништо не е важно бидејќи ништо не е толку лошо во споредба со она што таа однатре го чувствува. Секој ден живее со вина која сѐ повеќе натежнува и се обвинува за животот што некогаш го имаше и го изгуби. Таа не може да си прости и секој знае дека тоа што го доби, го заслужи. Но, одеднаш таа сфаќа дека работите не се такви какви што мислеше дека се и нејзиниот сопруг не е оној кој мислеше дека е: вистината за која толку многу се казнуваше е изградена од песок кој се лизга – ќерката која толку многу ја сакаше неправедно е одделена од неа…
Кога срцето на една мајка е ставено на тест: колку болка може да издржи за повторно да си го врати своето дете – резултатите се зачудувачки.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.